Архаус е мултидисциплинарно студио во областа на архитектурата и дизајнот, кое што е посветено на развојот на современите иновативности, исклучителни дизајни и архитектонско проектирање.
Софистицираноста, креативноста, заедно со талентот на стручниот тим се клучните елементи кои го придвижуваат ова студио да создаде извонредни простори.
Студиото нуди архитектонско проектирање, дизајн на мебел и ентериер.
Дизајн, изработка и продажба на уникатни парчиња мебел и делови од мебел.
Студиото работи на проектирање и дизајн на социјални живеалишта, културни и јавни згради, комерцијални простори, мултифункционални простори, реставрации, и различни видови на елементи од мебел.
Има за цел да разработи и внесе иновативност во формалните и функционалните аспекти при проектирањето и дизајнирањето на архитектонските простори, и секогаш биде во чекор со современиот дизајн и технологија.