About Us

За нас

Архаус е мултидисциплинарно студио во областа на архитектурата и дизајнот, кое што е посветено на развојот на современите иновативности, исклучителни дизајни и архитектонско проектирање. Софистицираноста, креативноста, заедно со талентот на стручниот тим се клучните елементи кои го придвижуваат ова студио да создаде извонредни простори. Студиото нуди архитектонско проектирање, дизајн на мебел и ентериер. Дизајн, изработка и продажба на уникатни парчиња мебел и делови од мебел.

About Us

Студиото работи на проектирање и дизајн на социјални живеалишта, културни и јавни згради, комерцијални простори, мултифункционални простори, реставрации, и различни видови на елементи од мебел. Има за цел да разработи и внесе иновативност во формалните и функционалните аспекти при проектирањето и дизајнирањето на архитектонските простори, и секогаш биде во чекор со современиот дизајн и технологија.