Уника Осигурување

Локација: Центар, Скопје

Површина: 22м’

Инвеститор: Уника Осигурување

За потребите на УНИКА АД Скопје, како дел од станбено деловен објект, направена е интервенција на фасадата во надворешниот изглед.

По барање за воедначување на фасада односно добивање на една монолитна целина на просториите во кои внатрешно се сместени канцелариите на УНИКА АД Скопје добиено е решение да завршната обработка биде со Алуминиумски композитни панели.

Со изборот на ова решение се добива подобар и освежен изглед на постојниот објект кој што апсолутно се вклопува во сегашната визуелна рамка, а при тоа не претставува никаква пречка во просторот.

  • Date :

    јули 17, 2021

  • Share :